Меси: Нема подобро место да му честитам роденден на Марадона
Фудбалерот на Интер Мајами и Аргентина, Лионел Меси му се заблагодари на Диего Марадона по добивањето на Златната топка.
– Денес би сакал да го спомнам Диего. Нема подобро место да му честитате роденден. Има толку многу луѓе овде кои го сакаат фудбалот како што тој сакаше. Каде и да си Диего, среќен роденден. Оваа награда важи и за тебе, изјави Меси.
Триесет и шестгодишниот Аргентинец ги победи Ерлин Халанд (Манчестер сити) и Килијан Мбапе (ПСЖ), кои го освоија второто, односно третото место.
Минатата година Меси го освои Светското првенство во 2022 година, кое се одржа во Катар. Во финалето, селекцијата на Аргентина ја победи Франција (3:3, пенали 4:2). Меси беше прогласен за најдобар играч на финалето и на целиот турнир. На 7 натпревари на Светското првенство постигна седум гола и три асистенции.
За Меси оваа Златна топка беше осма во кариерата. Тој претходно беше прогласен за најдобар играч во светот во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019 и 2021 година.
Ново на Сител
-
ФФМ призна дека ФК Силекс е елиминиран од судиите
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица