Мештани претепале дилери што на децата им продавале дрога
Снимките од бруталното претепување на две лица од Русија, кои наводно биле локални дилери на дрога, кружат на социјалните мрежи.
Тие биле претепани од мештаните на рускиот град Барнаул минатата година кога биле фатени како на децата им нудат дрога во вид на бонбони, се наведува во описот на видеото.
Инцидентот, наводно, се случил откако група дилери им понудиле екстази и спид во вид на гума за џвакање и бонбони на учениците од нижите одделенија на основното училиште.
Според описот на видеото, момчето и девојката, наводни дилери, потоа биле претепани од постари мештани, пренесува „Независне новине“.
Тие ги натерале да клекнат во снегот, да ги соблечат горните делови од облеката, а потоа брутално ги претепале со палка. Не е познато дали по овој настан дилерите биле уапсени, но и оние што ги тепал.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје