Свет
11. February 2021 - 19:27

Мерките во Британија ќе се олеснуваат кога бројот на заразени ќе биде 75 пати помал од сега

Бројот на лица заразени со коронавирусот мора да биде 75 пати помал за да почнaт властите во Велика Британија да ги олеснуваат ограничувачките мерки, изјави сер Џереми Фарар, директор на фондацијата Welcome Trust и член на владиниот медицински тим за борба против Ковид-19 ( SAGE).

Во Британија моментално има околу 750.000 активни случаи, така што тој број, според пресметките на Фарар, треба да се намали на 10.000, со цел мерките да бидат укинати, објави Мирор.

Тој предупреди дека нивото на пренесување на Ковид-19 се уште е „неверојатно високо“.

Мутациите како што се оние од Кент, Јужна Африка и Бразил, се сериозно предупредување, додаде Фарар.