Меркел во посета на Турција
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе престојува во посета на Анкара, каде со претставниците на турските власти ќе разговара за проблемот со бегалците.
Портпаролот на Меркел, Штефан Зајберт соопшти дека посетата била договорена за време на неодамнешната донаторска конференција за Сирија, што се одржа во Лондон.
Според најавите, Меркел во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и со премиерот Ахмед Давутоглу, како дел од напорите на Берлин за намалување на приливот на имигранти во Европа, од кои најголемиот број завршуваат во Германија.
Најавувајќи ја својата средба со Меркел, Ердоган истакна дека „во последно време зачестиле неговите разговори со канцеларката Меркел, што на некој начин е и добро“.
Турција лани во ноември се согласи да го ограничи приливот на имигранти од нејзина територија кон Европа, во замена за помош од ЕУ во износ од три милијарди евра.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“