Свет
21. September 2021 - 8:05

Меркел: Судско гонење на антисемитизмот е од витално значење за Германија

– Германија мора да преземе решителна акција против антисемитизмот, со оглед на порастот на десничарските екстремистички злосторства, изјави канцеларката Ангела Меркел, јави ДПА.

„Загрижени сме дека антисемитизмот станува понезадржлив и отворен“, рече канцеларката која наскоро ќе ја напушти функцијата. Изјавата беше дадена на доделувањето на наградата за ученичка кампања против антисемитизмот.

Наградата беше доделена на групи деца од Лајпциг, Хале, Варбург, Касел и германското училиште Меделин во Колумбија.