Свет
18. February 2017 - 11:46

Меркел: Со задоволство би разговарала со Русија за кибер нападите

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека со задоволство би разговарала со Русија за кибер нападите и лажните вести, но прашање е дали проблемот со лажните вести би можел успешно да се реши пред одржувањето на европските избори оваа година.

- Знаеме дека Русија многу отворено покажува дека хибридното војување го смета за облик на одбрана, истакна Меркел на Безбедносната конференција во Минхен.

Таа изрази желба тоа да биде тема на разговорите на релација НАТО-Русија.