Меркел со критики за безбедноста во Берлин и Северна Рајна Вестфалија
Германската канцеларка Ангела Меркел ги критикуваше сојузните покраински власти во Берлин и во Северна Рајна Вестфалија поради состојбата со безбедноста по терористичките напади што се случија во последниве неколку месеци.
Во интервју за медиумската групација „Функе медиенгрупе“, Меркел изјави дека „за жал има многу ралични нивоа на закони во одделни држави“.
- Затоа покраинните мораат да го достигнат истото ниво на безбедност за тоа што за жал на пример во Северна Рајна Вестфалија нема ненајавени полициски проверки. Случајни проверки има во Баварија но не и во Берлин или Северна Рајна Вестфалија, вели Меркел.
Според неа, како што јави дописникот на МИА од Берлин, дополнителните мерки за надзор од страна на полицијата, како на пример следење на потенцијални опасни осомничени, е многу важен чекор во спречување на терористички напади и друг вид криминал.
Канцеларката во интервјуто вели дека како и многу други земји и Германија се соочува со закани и затоа прави се што е во нејзина моќ да се осигури безбедноста на граѓаните а една од мерките за тоа е блиска координација меѓу феералните и покраинските влади.
- За таа цел на безбедносните служби им се дадени повеќе вработени и други ресурси, но потребно е таму каде што е потребно да се усвојата и нови закони, изјави Меркел.
Германската канцеларка смета дека меѓу бегалците во Германија има опасни поединци кои сакаат да го загрозат јавниот ред и мир и затоа германските власти мораат во интерес на тие што бегаат од војната и бараат заштита, да ги откријат и уапсат тие што доаѓаат за тероризам и криминал.
Таа наведува дека Германија била под закана од тероризам и пред пристигнувањето на над еденте милион бегалци во последниве 20 месеци.
Интервјуто на канцеларката е објавено два дена по нападот врз автобусот на фудбалерите на Борусија Дортмунд во покраината Северна Рајна Вестфалија, по кој еден член на ИД е уапсен, но полицијата се уште нема докази за неговото учество во нападот.
Предходно, германските медиуми објавија дека Тунижанецит Анис Амри, кој со камион усмрти 12 и рани педесетина лица на божичниот панаѓур во Берлин, бил под присмотра на покраинските служби за безбедност во Северна Рајна Вестфалија и Берлин, но тој сепак откако избегнал депортација во Тунис, успеа во декември да го изврши терористичкиот напад.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден