Свет
12. December 2016 - 17:16

Меркел се дистанцира од Трамп, не го менува ставот за „Една Кина“

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека нејзината земја нема да ја промени позицијата според која Тајван е составен дел од Кина. Со тоа канцеларката се обиде да се дистанцира од најавите на новоизбраниот американски претседател Трамп кој порача дека САД би можеле да ја ревидираат долгогодишната политика наречена „Една Кина“ според кога Тајван е дел од Народна Република Кина.

„Ние се уште стоиме зад политиката на „Една Кина“ и нема да ја промениме нашата позиција“, изјави канцеларката Меркел по средбата со Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Со својот одговор Меркел на прашањето поврзано со најавата на трамп Меркел го смири официјален Пекинг кој е вознемирен од можноста за промена на деценискиот став на Вашингтон.

Кина е еден од најголемите трговски партнери на Германија која што минатиот месец во Пекинг испрати висока политичка и бизнис делегација кога преговара за намалување на пречките при инвестиции во двете насоки.

Германија пред еден месец спречи кинеско преземање на германска компанија која што според безбедносните служби на САД може да се користи во воени цели по што официјален Берлин побара Кинеските власти да ги намалат бироктратските пречки при преземање на кинески компании од странски инвеститори.