Свет
8. March 2018 - 17:28

Меркел: Продолжува борбата за еднаквост

Германската кацеларка Ангела Меркел по повод Меѓународниот ден на жената изјави дека „иако многу е постигнато, мора да продолжи борбата за рамноправност помеѓу жените и мажит во Германија и ширум светот“.

- Голем број жени пред нас се жртвуваа и истрајно се бореле за поголеми права на жената... но и понатаму останува да се направат уште многу нешта, изјави една од најмоќните жени во светот.

Меркел посочи и дека „има и нови задачи за мажите, но не прецизира на што мисли.

- Поради тоа, денешниот ден не е сам ден кога треба да се осврнеме на достигнувањата, туку и ден на кој кажуваме - продолжува борбата за еднаквост, наведе германската канцеларка.

Меѓународниот ден на жената, 8 март е востановен во знак на сеќавање на демонстрациите на американските работнички во Чикаго во 1909 година и маршот на повеќе од 15.000 жени во Њујорк, кои бараа пократко работно време, подобри плати и право на глас