Свет
16. August 2017 - 19:05

Меркел: Прифаќам преговори, а противник сум на „реторичко вооружување“

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека загриженоста во врска со севернокорејската криза може да се реши само со преговори, нагласувајќи дека ќе се потруди да биде постигнато мирно решение и оти е противник на „реторичко вооружување“.

- Нема воено решение за овој судир, туку потребни се преговори, истакна Меркел.

Таа изрази задоволство, бидејќи претседателите на САД и на Кина разговарале телефонски.

- Мора да се оди по тој пат, бидејќи само на таков начин ќе се избегнат катастрофи и треба да се направи се што е потребно за да се оствари тоа. Барем јас правам се што можам, додава германската канцеларка.