Меркел: Пораките и заканите на Путин треба сериозно да се сфатат
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел предупреди дека се што зборува рускиот претседател Владимир Путин треба сериозно да се сфати. Меркел во својот говор на свеченото отворање на фондацијата „Хелмут Кол“ нагласи дека тоа експлицитно се однесува и на нуклеарните закани на Путин.
- Сфатете ги зборовите сериозно. Немојте веднаш да ги отфрлате како блеф, туку сериозно да се соочите со нив. Тоа не е знак на слабост, туку доказ за политичко паметно дејствување, нагласи таа. „Хелмут Кол би направил се за да ги зачува и заштити суверенитетот и интегритетот на Украина, но никогаш нема да го изгуби од вид ’денот потоа’,“ истакна поранешната германска канцеларка. Со ова Меркел индиректно го изрази својот став за ситуацијата во Украина.
По напуштањето на функцијата, таа кажа дека нема да коментира дневно-политички прашања, па затоа сега својот став го „исфилува“ во одговор за тоа како канцеларот Кол би одговорил на кризата во 2022 година. Таа додаде дека Кол „паралелно секогаш ќе го земел предвид и тоа што во моментот изгледа незамисливо, а тоа е како да се обноват односите со Русија“.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората