Свет
2. February 2016 - 13:12

Mеркел побара од Путин да обезбеди почитување на прекинот на огнот во источна Украина

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска од рускиот претседател Владимир Путин побара да го употреби сето свое влијание во обезбедувањето натамошен прекин на огнот на истокот од Украина.

-Таа од Путин побара и гаранции набљудувачите од Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) да имаат слободен пристап до конфликтините подрачја, изјави нејзиниот портпарол Штефан Зајберт.

„Русија мора да го активира своето влијание кај сепратистите“, наведе Зајберт во соопштение, пренесено од британските медиуми.

Според него, до телефонски разговор меѓу двајцата државници дошло на барање на Путин.