Меркел: Нема оправдување за изјавите на Ердоган
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека нема „апсолутно никакво оправдување“ за коменатарите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ги спореди забраните на германските власти за одржување на политички митинзи со „нацистичките пракси“.
- Изјавите на Ердоган служат само за омаловажување на неизмерното страдање на засегнатите од нацистичките злосторства против човештвото и посебно жалосно е ако се имаат во предвид големиот број заеднички фактори, кои ги поврзуваат двете земји сојузнички од НАТО, посочи Меркел.
Таа призна дека има големи разлики меѓу Германија и Турција за прашањата за слободата на медиумите и притворањето на германскиот новинар од турско потекло Дениз Јуџел.
Меркел потенцира дека Берлин останува верен на своите уверувања за слобода на медиумите, на собири и на изразување и оти ќе продолжи да им дозволува на турските политичари да агитираат во Германија за референдумот за уставни реформи во Турција, ако посетите бидат најавени на транспарентен начин и навреме за да може да се почитуваат германските закони.
Ново на Сител
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски