Меркел нема да гласа за предлог-резолуцијата за геноцидот над Ерменците
Германската канцеларка Ангела Меркел ја поддржа предлог-резолуцијата на Парламентот, со која се признава геноцидот над Ерменците, но нема да гласа за истата на утрешната седница.
Меркел, која е и пратеник во Бундестагот, нама да учествува во гласањето за резолуцијата поради својата работна програма и средби.
И Христијанско демократската унија ја поддржа резолуцијата.
Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер, кој е социјалдемократ, изјави дека е против предлог-резолуцијата. Тој наведе дека се надева оти одлуката што утре ќе биде донесена во Бундестагот нема трајно да наштети на односите со Турција.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во вчерашниот телефонски разговор со Меркел изрази вознемиреност поради предлог-резолуцијата.
Ново на Сител
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 3 лица
-
52-годишна кавадарчанка пронајдена почината со повреди на телото
-
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време
-
МВР со детали за верижната сообраќајка на Скопска обиколница
-
Спасени три питбули и дорбеман користени за борби на кучиња во Врапчиште
-
Во Словенија утре Ден на жалост поради загинувањето на тројцата рудари
-
Магла во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица
-
Слоновите во САД не се луѓе, пресуди највисокиот суд во Колорадо