Свет
11. August 2017 - 21:52

Меркел: Не гледам воено решение за конфликтот со Северна Кореја

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека е противник на употребата на каква било сила во решавањето на судирот со Северна Кореја, а тоа го порача откако американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Пјонгјанг дека војската на САД е „подготвена“, доколку Северна Кореја „постапи неразумно“. 

- Не гледам воено решение за овој судир, туку пред се доследна работа, каква што забележавме во Советот за безбедност на ОН, нагласи Меркел. 

- Но, вербалната ескалација ја сметам за погрешен одговор, истакна германската канцеларка, во одговор на прашањето за најновите твитови на Трамп во врска со Северна Кореја. 

Таа повика на „многу блиска соработка“, со цел да се намалат тензиите во регионот, „особено соработка на САД и Кина, но и меѓу Јужна Кореја и Јапонија“.