Менаџментот на РЕК-Битола на средба со НВО-секторот за екологија
Менаџментот на РЕК-Битола во присуство на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, утре во комбинатот ќе имаат заедничка работна средба со претставници на здруженија на граѓани од Пелагонискиот регион чија мисија е посветена на заштитата на животната средина и екологијата.
Од секторот за односи со јавност на РЕК-Битола информираат дека на средбата ќе се разговара за тековните и планираните проекти за заштита на животната средина што ги реализираат АД ЕЛЕМ, РЕК Битола и Владата на Република Македонија.
- Средбата на претставниците на невладини организации и здруженија што третираат проблеми од областа на екологијата со заменик- министерот Макрадули и раководниот тим на РЕК Битола ќе биде со интерактивен контекст и отворена за сите претставници на НВО-секторот посветен на заштитата на животната средина, информира Методија Куновски, лице за односи со јавност во РЕК-Битола.
Ново на Сител
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Тема на денот со Арбен Таравари, Министер за Здравство
-
Проширена истрагата за пожарот во Кочани, партиите и денеска со меѓусебни обвинувања
-
Одложена расправата за Коцевски, предлогот за разрешување нема да оди во Собрание