Мелничарите бараат решение за надминување на состојбите во оваа индустрија
Мелничарите апелираат итно да се изнајде решение за нивниот проблем со увозното евтино брашно поради кое, како што велат, се неконкуретни на пазарот, а мелничко-пекарската индустрија е пред колапс.
Тие бараат да се субвенционира мелничката индустрија со 2,5 денари за килограм откупена пченица од минатата реколта, а пред следната жетва да се најде трајно решение.
Претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ денеска изјави дека мелничката индустрија се соочува со неконкурентна цена од увозно брашно која тие како мелничари не можат да ја постигнат поради високата откупна цена на пченицата.
Од друга страна земјоделците кои произведуваат пченица ги поддржуваат барањата на мелничката индустрија, но тие пак бараат од Министерството за земјоделство да им се надомести разликата меѓу продажната и производната цена на пченицата.
- Како производители на пченица бараме од Министерството за земјоделство да ни се надомести разликата меѓу продажната и производната цена која се движи околу 2 денари, рече Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци.
За решавање на овој проблем во Стопанската комора на Македонија се одржува состанок на кој присуствуваат претставници на мелничко-пекарската индустрија, производителите на пченица и од надлежните институции.
Ново на Сител
-
Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?
-
И годинава атракција пловењето по Охридското Езеро
-
Македонија единствена држава на Балканот која нема своја историска база на податоци
-
Преглед на вестите од светот
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања