Меланшон се проби на третото место по полуларноста меѓу француските претседателски кандидати
Во анкетата на „Ипсос Сопра Стерија“ за француските јавни радиодифузери Франс ТВ и Радио Франс, кандидатот за претседател на Франција на левичарската партија Непокорна Франција, Жан-Лук Меланшон првпат според популарноста се проби на третото место пред Франсоа Фијон од конзервативната партија Републиканци, јави дописникот на МИА од Париз.
Според анкетата, Меланшон ужива доверба на 18,5 отсто од анкетираните, што претставува зголемување од 4,5 процентни поени, зад Емануел Mакрон од партијата Во движење (ЕМ) и Марин Ле Пен од екстермно десничарскиот Национален фронт, со по 24 порценти доверба. Популарноста на Макрон е непроменета, а на Ле Пен напалена за еден процентен поен.
Фијон исто така има непроменета доверба од 18 отсто, додека популарноста на кандидатот на социјалистите Беноа Амон е намелана на 8 итсто, што е за четири процентни поени помалку во однос на претходната анкета спроведена од 25 до 27 март.
Никола Дупонт-Езан останува со доверба од 3,5 отсто, Филип Путу има 1,5 проценти, а Натали Арто и Франсоа Аселно со еден отсто. Жан Ласал и Жак Шеминад се на дното со 0,5, односно 0,1 проценти.
Доколку во вториот круг како што се предвидува се најдат Mакрон и Ле Пен, испитаниците со големо мнозинство би гласале за левичарскиот кандидат. Споре анкетата, Mакрон би освоил 62 проценти од гласовите, придобивајќи огромен дел од гласчите на Амон (76 отсто), но, исто така, и речиси половина од поддржувачите на Mеланшон (47 проценти) и Фијон (42 отсто).
Од оние кои имаат намера да гласаат Mеланшпон во првиот круг, речиси полоцината или 47 отсто нема да излезат на гласање во вториот круг, а 6 процнети би гласале за кандидатот на Националниот Фронт.
Од гласачите на Фијон, 26 отсто во вториот круг би ја избрале Марин Ле Пен, а 32 проценти нема да гласаат. Кај поддржувачите на Беноа Амон 22 проценти нема да гласаат, а само 2 отсто би гласале за Ле Пен.
Овие претседателски избори, чиј прв круг е закажан за 23 април, се оценуваат како едни од најнеизвесните во историјата на француската република.
Ново на Сител
-
ЦУК: 2 028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено
-
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица, досега најмалку 20 загинати
-
ЈСП: Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“, изменет сообраќаен режим за Скопски маратон
-
ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут
-
Бајден: Да бев на местото на Израел ќе размислев дали да ги гаѓам иранските нафтени постројки
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа засилен ветер