Свет
22. February 2017 - 17:21

Мексиканец се самоубил на граничен премин по депортацијата од САД

Мексиканецот Гваделупе Оливас Валенсија (45) скокнал од мост и се самоубил, на границата со САД, откако по третпат бил депортиран во Мексико, јавуваат медиумите во мексиканскиот главен град.

Неговото тело било пронајдено во бесознание и бил итно префрлен во болница, каде набргу почнал.

Сведоци на трагичниот настан изјавиле дека пред да скокне, извикувал оти не сака да се врати во Мексико.

Инцидентот се случил на мостот, во непосредна близина на главниот граничен премин „Ел Чапарал„ кај американскиот град Сан Диего и мексиканскиот град Тихуана.

Оливас бил депортиран по наредбата на американскиот претседател Доналд Трамп и пред обелоденувањето на новите многу построги мерки за борбата со илегалната имиграција.

Тој потекнува од мексиканската сојузна држава Синалоа, која важи за една од најнасилничките во цело Мексико. Оваа држава беше седиште на нарко картелот со кој раководеше , сега затворениот, криминалец Хоаким Гузман, познат по прекарот „Ел Чапо“.

Мексиканските медиуми пишуваат дека насилството, бруталните убиства и киднапирањата без трага, се едни од причините за имигрирањето на лугето од овој дел на Мексико во САД.
Според американски проценки, во САД има околу 11 милиони илегални имигранти, најглем број од нив од Мексико.

Трагичниот инцидент на границата, се случи пред денешниот престој на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и на секретарот за внатрешна безбедност на САД, Џон Кели во мексиканскиот главен град, каде ќе имаат средба со претседателот на Мексико, Енрике Пена Нието.