-->
-->
Мекејлеб во Галатасарај !
-->
Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, е на добар пат повторно да настапува во првенството на Турција, откако стерилизираниот сајт за кошарка „Спортандо“ објави дека е во завршна фаза во преговорите за премин во Галатасарај.
Претходно, тој настапуваше за Мерсин, каде што во 2008 година ја почна европската професионална кариера, а четири години подоцна и за Фенербахче каде што остана две години. Минатата сезона, Мекејлеб беше член на шпанска Гран Канарија, а во кариерата има настапувано уште и за Партизан, Монтепаски, Баерн Минхен и Лимож.
Плејмејкерот од 2010 година е македонски државјанин, а беше дел од генерацијата која дојде до историското четврто место на ЕП 2011 во Литванија. Мекејлеб за најде на поширокиот список на актуелниот селектор Јорданчо Давитков за претквалификациите за СП 2019, но местото за натурализиран кошаркар во националната селекција засега е наменето на најновата американска аквизиција на МКФ, Теодор Џордан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот
-
Unbox your box – нова перспектива во доставата на пратки во Македонија
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз