-->
-->
Мекалистер: Балканот да се вклучи во процесите на одлучување во ЕУ
-->
Земјите од Западен Балкан треба уште веднаш да се вклучат во процесот на носење одлуки во ЕУ и што побрзо да се подготват за членство во Унијата, бидејќи во спротивно би можеле да подпаднат под влијание на други држави, оцени известувачот на Европскиот парламент за Србија, Дејвид Мекалистер.
Во интервју за германскиот весник „Велт“, Мекалистер вели дека сите шест земји од Западен Балкан треба да бидет примени во ЕУ, кога ќе ги исполнат правните, економските и политичките ускови за членство.
- Во интерес на ЕУ е да има добри односи со земјите од Западен Балкан. Или ќе извезуваме стабилност на Западниот Балкан или нестабилноста од регионот ќе го загрози остатокот од нашиот континент, нагласи Мекалистер.
Според него, земјите од регионот имаат долгорочна перспектива за членство во Унијата, што е потврдено и со новата стратегија на Европската комисија за Западен Балкан,
- Новата стратегија треба да ги охрабри овие држави да продолжат доследно да се движат кон ЕУ и да ги спроведуваат потребните реформи, вели Мекалистер.
Тој нагласува дека иако некои западнобалкански држави се уште се далеку од можно членство во ЕУ, сепак тоа не треба да биде причина за повелкување на Унијата од Балканот, бидејќи доколку таа го стори тоа, нејзиното место може да го заземат некои други, кои веќе и делумно се присутни во регионот.
- Балканот стана центар на геостратешките интереси. Веќе со години гледаме зголемени активности на Турција, Русија, Кина и земјите од Персискиот Залив. Интересите се различни, но на крајот секогаш се работи за ширење на сферата на влијание, додава Мекалистер.
Тој нагласува дека Русија веќе е медиумски присутна во некои земји од регионот и се обидува да го зголеми своето влијание преку кампања на дезинформации, што е причина за загриженост во ЕУ.
Затоа, според него, Унијата треба да ги охрабри земјите од регионот на патот кон членство.
- Уште сега треба да се земат предвид интересите на земјите од Западен Балкан во процесот на одлучување во ЕУ. Тоа, на пример, треба да се однесува на изградбата на заедничкиот пазар, сообраќајната инфрастурктура и енергетската мрежа. Се работи за тоа регионот да се поврзе со ЕУ. Кога луѓето ќе почувствуваат дека има напредок чекор по чекор, ќе се зголеми и подготвеноста за реформи, потенцира Мекалистер во интервјуто за „Велт
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мајк Џејмс стана првиот член на „клубот 5.000“ на Евролигата
-
УЕФА ја казни Рома и делумно го затвори стадионот Олимпико
-
Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродови лица да учествуваат во женски спортови
-
Панама негира дека ги прилагодува таксите за премин низ Каналот за американски бродови
-
Мицкоски и Перински на средба со новинари за теренските посети на општините „Каде срцето е дома“
-
Судски совет ќе формира комисија која треба да утврди дали имало пропуст во претходните судски постапки на обвинетиот Васил Јованов
-
Ведро и студено утро, преку ден сончево и ветровито
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега