Свет
30. May 2017 - 9:15

Меј подготвена за напуштање на ЕУ без договор за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е подготвена да се откаже од преговорите со Европската унија за Брегзит доколку договорот не биде доволно добар.

– Ќе бидеме таму за да преговараме за вистински договор, но сепак сметам дека немање договор е подобар од лош договор. Мора да бидеме подготвени да се откажеме, изјави таа за Скај њуз.

Од друга страна лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин изјави дека може да обезбеди договор за Брегзит со ЕУ доколку победи на изборите.

Во Британија во следната недела се одржуваат вонреди парламентарни избори, а најновите анкети покажуваат дека предноста на Меј над лабуристите е намалена за шест отсто.