Меј и Јункер договорија измени во договорот за Брегзит
Британската премиерка Тереза Меј во разговор со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер успеа да обезбеди „правно обврзувачки“ промени во нејзиниот договор за Брегзит, во последниот обид да добие поддршка од британските пратеници кои се заканија дека повторно ќе го отфрлат договорот.
Правно обврзувачкиот договор всушност е додаток на претходно постигнатиот договор меѓу Меј и ЕУ минатата година и предвидува заштитен механизам со кој се гарантира дека границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска ќе остане отворена и по излезот на Британија од ЕУ.
Кабинетот на Тереза Меј соопшти дека е договорен заеднички инструмент за појаснување на договорот за Брегзит.
Јункер порача дека Британија мора да ја напушти ЕУ до европските избори што ќе се одржат од 23 до 26 мај, или во спротивно ќе мора да избира свои пратеници за Европскиот парламент.
– Повлекувањето на Обединетото Кралство треба да биде целосно завршено пред европските избори кои се одржуваат меѓу 23 и 26 мај годинава. Ако земјата не ја напушти ЕУ до тогаш, законски од неa ќе се бара да ги одржи овие избори, рече Јункер.
– Изборот е јасен: тоа е овој договор или Брегзит можеби воопшто нема да се случи, напиша Јункер на Твитер.
Ново на Сител
-
Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници
-
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско
-
ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено