Loading Video...
Свет
17. August 2022 - 16:41

Меѓународната воена мисија во Косово, КФОР го зголеми присуството и патролирањето во Северно Косово

Меѓународната воена мисија во Косово, КФОР го зголеми присуството и патролирањето во Северно Косово, на граничните премини со Србија, Јариње и Брњак. Мерките се преземени со цел  да му се овозможи на КФОР брзо да реагира ако биде потребно соопшти  канцеларијата за односи со јавност на КФОР, потсетувајќи  дека неговиот мандат кој произлегува од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година , е да обезбеди сигурно и безбедно опкружување и слобода на движењето за сите луѓе во Косово. Улогата што НАТО и КФОР ја имаат во Косово и безбедносната ситуација на северот на Косово беа дел од темите , на кои денеска во Брисел разговараа српскиот претседател Вучиќ и генераланиот секретар на НАТО Столтнеберг. Во текот на денот Столтенбер ќе има разговори и со Курти. Инаку утре  по повеке од една година, претседателот на Србија  Вучиќ и премиерот на Косово Курти  ќе се сретнат во седиштето на ЕУ за да ги продолжат разговорите во рамки на дијалогот за нормализација на односите.

Повеќе од 20 патници се здобиле со изгореници  и други повреди  откако скокнале од воз кој се движел кон шумски пожар во близина на регионот Валенсија во Шпанија. Машиновозачот ги замолил патниците да останат до возот додека се подготувал да го сврти возилото во друга насока, но некои ги искршиле прозроците во обид да побегнат додека пламенот се приближувал. Оние кои останале во возот не се повредени. 

Украинска граната експлодирала на десет метри од контејнер полн со нуклеарен отпад во централата Запорожје , изјавија руските властти, но украинската страна демантираше.  Москва и Киев сеуште немаат постигнато  договор кога  персонал на Меѓународната агенција за атомска енергија ќе може да  ја посети украинската  атомската централа која е под руска контрола, а е управувана од украински персонал