Меѓународна работилница за развој на веб платформи
Развој на веб платформи со цел насочување на младите студенти по информатички науки кон оваа перспективна ИT гранка, е темата на меѓународната работилница „Code App, Level Up 3” што се одржува од денеска до 5 март, во организација на ЕЕСТЕК ЛК Скопје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
Според заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски, настаните од ваков вид се од клучно значење за дефинирањето на професионалната иднина на младите. Муцунски посочи дека со развојот на бројните универзитетски можности, како што се новите факултети и студиските програми во рамки на факултетите, во нашата земја се овозможува стекнување знаења од областа на информациско-комуникациските технологии.
- Досегашните напори кои Република Македонија ги има вложено во создавањето професионални и стручни кадри од областа на ИКТ се очигледни бидејќи се наоѓа на светската мапа како информатички образувана нација, каде ИКТ секторот дава значителен придонес кон целокупниот развој на македонската економија и севкупното општественото живеење, рече Муцунски.
„Code App, Level Up 3“ има за цел да понуди квалитетни обуки во две области: дизајнирање веб-услуги (front-end) и развој на веб услуги (back-end), кои ќе бидат спроведени од домашни и странски експерти, професори од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, како и професионалци од различни ИТ компании.
Ново на Сител
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини
-
Меморандум за соработка потпишаа директорот на АД ЕСМ и деканот на ФИНКИ
-
Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари