Меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“
На Правниот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип од денеска почна дводневната Меѓународна конференција на тема „Општествените промени во глобалниот свет“.
Ова е трета Меѓународна конференција на штипскиот Правен факултет на која што универзитетски професори ги презентираат своите трудови од областа на правото и политичките науки.
Деканот на Правниот факултет при УГД-Штип, Јован Ананиев истакна дека учесниците од универзитетите од Македонија, Србија, Турција, Русија, Косово, Хрватска, Бугарија, Украина, Белгија, Албанија, Казахстан и од други земји своите трудови ќе ги презентираат од областа на правото, политиката, општетство и комуникации. Според пријавените трудови централна тема е безбедноста и тероризмот.
-Мигрантската криза создаде некакви промени, кои што повлекоа и промени во Меѓународното право. Она што е безбедносен предизвик гледаме дека го има во неколку региони, вклучувајќи го и нашиот. Повторно се разгледува интердисциплинарно, не можам да кажам дека ние сме оние кои што ќе предвидуваат одредени ситуации. Но можам да кажам дека на основ на она што досега се случувало и она што е актуелно, општетсвените науки се обидуваат да направат некакви прогнози за збиднувањата и секако да дадат препораки до креаторите на политиките, вели Ананиев.
На меѓународната конференција „Општествените промени во глобалниот свет, академската заедница, но и повозрасните и млади истражувачи ги разработуваат и темите за човековите права, владеење на правото и демократијата.
Ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Блажо Боев истакна дека како високо образовна институција ќе ги подржуваат ваквите меѓународни научни конференции.
-Мислам дека Правниот факултет прави значаен придонес во развојот на општествената, правната мисла во државата и во секој случај придонесува во она што значи правна регулатива и формирање на граѓанско општетство засновано на правото, вели Боев.
Ново на Сител
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола
-
Во Белград ќе продолжи судењето за масовно убиство во Дубона и Мало Орашје
-
Владина делегација оддаде почит пред споменикот на св. Кирил и Методиј во Скопје