Меѓународен волонтерски камп на Еврејските гробишта во Битола
Волонтери од Германија, Русија, САД и Македонија од 1 до 10 август ќе учествуваат на меѓународен камп кој ќе се одржи на Еврејските гробишта во Битола.
Младите истражувачи, археолози, историчари и конзерватори ќе ги координира Ханс Ханс Шолц свештеник на Протестантската црква во Баден од Германија, кои десет денови ќе работаат на Еврејските гробишта во Битола.
- Учеството на Меѓународниот волонтерски камп го потврдија 30 младинци од Германија, 5 од Русија, 7 од САД и 30 од Македонија, или 70-на млади луѓе кои имаат желба ќе ја покажат својата добра волја и хуманост во меѓународниот камп. Се радуваме што ќе бидеме во Битола и Македонија. Нашата желба за поврзување на христијанските народи е голема, но исто така важна е и желбата да се потврди недвосмислената почит на Еврејскиот народ . Со отворени срца ќе пулсираме десет дена во Битола, истакна Шолц за време на денешниот престој во овој град.
Како што е познато на иницијатива на здружението на граѓани „Архам“-Битола и со поддршка на амбасадата на државата Израел во Република Македонија, пролетоска на Еврејските гробишта во Битола почна реконструкцијата на тоа спомен обележје и досега откриени се над 1.000 надгробни плочи и дешифирани најразлични пораки и епитафи.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава