Меѓународен симпозиум „Енергетика - 2016“
Во Охрид денеска почнува меѓународниот симпозиум „Енергетика - 2016“ што го организира Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК).
На настанот кој традиционално се одржува секои две години, ќе бидат презентирани 79 авторски трудови, а на пленарните седници ќе се дискутира за енергетската стратегија на Балканот, термоелектраните, природниот гас, технологија на хидроелектрани и дигиталната опрема за управување на капацитети. Целта е обезбедување платформа за размена на најважните информации, постигнувања и искуства меѓу експертите од областа на енергетиката, приватни компании, истражувачките центри, универзитетите и другите заинтересирани страни на локално и на меѓународно ниво.
Симпозиумот ќе трае до сабота, 8 октомври, а на денешните две пленарни сесиии експерти од Македонија, Бугарија, БиХ, Италија, Русија и Шведска ќе дискутираат за состојбите во секторот како значаен економски фактор во Република Македонија и пошироко.
Енергетската фела ќе разменува мислења околу предизвиците со кои се соочуваат енергетските субјекти и ќе ги идентификува механизмите за нивно надминување. Ќе бидат презентирани и иновации во областа на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина, како и новите прелиминарни анализи околу идните потенцијални енергетски проекти во Македонија.
Главен покровител на годинашниот симпозиум е АД ЕЛЕМ.
Ново на Сител
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен