Меѓу загинатите и кошаркар на КК Гостивар
Сообраќајната несреќа во која животот го загубија 14 лица ја шокира македонската јавност. Раководството на КК Гостивар денес со соопштение побара одложување на завршниот турнир од Купот на Македонија.
Во големата несреќа животот го загуби и Јовица Трпевски, кој настапуваше за вториот тим на Гостивар.
„Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град, Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Ја информираме јавноста и МКФ дека КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот Куп на Македонија и бараме безусловно одложување на истиот. Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски, ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов“, се вели во соопштението.
Се очекува да се изјасни Македонската кошаркарска федерација, која веќе ги дефинира последните детали за организацијата на Куп-завршницата во Гевгелија.
Извор: gol.mk
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги спроведува дигиталните правила без оглед на тоа кој е сопственик на компаниите
-
Допис на епископот Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин