Живот
3. September 2019 - 15:12

Мегаураганот гледан од Вселената: Дури сега се гледа колку е опасен Доријан

Ураганот Доријан застрашувачки делува дури и од Меѓународната вселенска станица, каде астронаутот на Европската вселенска агенција Лука Пармитано сними фотографии од тогашната бура од категорија 5.

Бурата оттогаш ослабе до категорија 4, но се уште расте со „катастрофални удари на ветрот“, соопштено е од Националниот центар за урагани (НХЦ).

„Зумирајте ја тропската бура Доријан“, напишта тој на Твитер во неделата на 1. септември, кога ја сподели фотографијата од станицата, каде е како член на посадата на Експедишн 60.

Доријан моментално дува со брзина до 250 километри на час и е оддалечен околу 180 километри источно од Вест Палм Бич на Флорида.

Се движи со брзина од 2 километри на час, соопшти НХЦ.

НХЦ кој управува со Националната управа за океани и атмосфера (НОАА), моментално прогнозира дека бурата ќе удри на источниот брег на САД.