Loading Video...
Свет
8. March 2021 - 19:39

Меган: Кралското семејство беше загрижено за бојата на кожата на мојот син

Земјите членки на ЕУ да се воздржат од давање на национално одобрување за руската антиковид Спутник V се додека Европската агенција за лекови не заврши со прегледот на нејзнината безбедност. Советот го упати шефицата на управниот одбор на европскиот регулатор Криста Хоче. ЕМА го почна прегледот на Спутник V пред 4 денови. Лидерите на земјите членки ја критикуваат агенцијата дека процесот на одобрување на вакцини за европскиот паазар е премногу бавен поради бирократските процедури.

Војводата и војвотката од Сасекс во интервју за Опра открија многу непознати, но и шоканти детали за живот во британското кралско семејство. Тајно се венчале три дена пред спектакуларната свадба која ја гледаше цел свет, открија  дека чекаат девојче, но и проговорија дека дел од кралското семејство се плашеле колку ќе биде темна кожата на синот Арчи. Меган рече дека кралското семејство одлучило додека била бремена, нејнзиот син да нема титула. На јавноста и беше соопштено дека Принцот Хари и Меган сами одлучиле да не му даваат титула. Меган размислувала за самоубиство додека била член на кралското семејство. Во интервујото емитувано  на СИБИЕС тврди дека побарала помош од палатата но дека тие одбиле да и ја пружат. Парот раскажа и за убави моменти поминати со кралицата со која како што велат се во добри односи. Тие пред една година се повлекоа од кралските должности  и решија од  Обединето то кралство да се преселат во САД. 

Двајца демонстранти се убиени на денешниот протест од страна на полицијата во градот Мичина во Мјанмар. Во Мјанмар се протестира секој ден по воениот удар и соборувањето на Владата на премиерката Аунг Сан Су Чи на први ферваури, која беше уапсена. Досега повеќе од 50 демонстрантите се убиени на протестите.