Македонија
7. јуни 2023 - 16:33

Меџити му нуди советничко место на Јовев, лекарите бараат да остане директор

Фатмир Меџити го покани разрешениот директор Сашко Јовев да биде дел од неговиот кабинет. Според министерот за здравство, кардиохирургот согласно контролите имал злоупотреби со исплата на дежурства и немало евиденција на вработени но бил добредојден како советник на првиот човек во здравствениот систем.

-Членови на комисијата од Министерството ги разјаснија работите околу разрешувањето, ете, го повикувам почитуваниот професор Јовев да биде мој советник, национален советник за кардиохирургија, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.

-Мене ми е чест што ме повикал министерот, ќе размилам, секако треба тој да ме повика, но мене местото ми е овде, да ја водам оваа клиника, изјави проф.д-р Сашко Јовев кардиохирург

И додека Меџити го кани за советник за кардиохирургија, неговиот партиски лидер Арбен Таравари тврди дека специјалноста на Јовев не била за досегашната менаџерска позиција, но и дека не може некој вечно да биде директор.

-Јовев е торакален хирург и директор на кардиохирургија како Фатмир Невролог да биде директор на Невројирургија. Да го направе тоа сите ќе ме критикувавте, а никој не прашува зошто тораковаскуларен хирург е директор на Кардиохирургија. и на крајот на краиштата, Јовев е дирекор 10 години, изјави Арбен Таравари, претседател на Алијанса.

За ваквата изјава Јовев најави дека ќе се консултира со адвокатскиот тим за евентуална тужба до  лидерот на Алијанса, на кој исто така му одговори дека е на директорката позиција неполни 5 години и е назначен од министерот Филипче.

-Јас сум хирург, торакален хирург и супспецијализација кардиохирургија, со лиценца за кардиохирург со години и 10 години се бавам исклучително само со кардиохирургија, Не може да даваат вакви изјави треба да дојде и да праша, изјави проф. д-р Сашко Јовев кардиохирург.

Покрај пациенти и вработени од кардиохирургија кои вчера јавно му изјавија поддршка на Јовев, денеска зад него застанаа уште изјадници лекари.

-Македонскто лекарско друшто со сите свои члено, сите лекари сме против разрешувањето на доктор Јовев и бараме МЗ да ја преиспита одлуката. И лично, мислам дека со овј чин се остава многу лош пример за младите лекари, вели проф. д-р Горан Димитров претседател на МЛД.

Поддршка и од невладини организации и здруженија, но не и од првиот човек на Владата. Премиерот Димитар Ковачевски денеска јавно не застана во одбрана на Јовев и кажа дека тоа треб да го решат професоротр и министерот бидејќи тој немал ингеренции.