Медузата можна замена за вообичаените морски специјалитети
Нoвo истражување спроведено на Универитетот на Квинсленд во Австралија покажа дека 92 видови морски плодови и риби што се користат во исхраната на луѓето се загрозени. На 11 од нив им се заканува истребување.
– Морската храна не е одржлива и тие животни ги нема на меѓународната листа на загрозени видови и екосистеми. Затоа, ние мора да го регулираме риболовот и да се ловат риби што можат да го издржат тој ловен притисок, смета професорката Лесли Роберсон.
Со цел да се зачуваат загрозените морски видови, медузата наскоро би можела да се најде на менијата наместо вообичаената морска храна.
Имено, истражувачите утврдиле дека во иднина медузата може да се користи како одржлива замена, бидејќи големата побарувачка за бакаларот, меките риби и други морски плодови води кон нивна загрозеност, а на крајот – и истребување на овие видови.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови