Полициајта верува дека инфузијата намерно ја контаминирала со средство за дезинфекција кое содрижи отровен бензалкониум хлорид, кој сосема е сигурно дека ги убил првите две жртви.
Кубоки наводно во полиција рекла дека сакала да се осигура дека пациентите ќе умрат кога таа не е на должност, и така нема да мора да ги објаснува околностите за нивната смрт пред нивните семејства.
„Би било непријатно ако таа одговорност би паднала на мене“, рекла таа.
Лекарите на почетокот верувале дека Нишикава и Иамаки умреле од природна смрт, иако обдукцијата открила средство за дезинфекција во нивните тела. Натамошната истрага открива дека отров е пронајден во телото на 89-годишниот маж и жена на возраст од 78 години, кои одприлика умреле во исто време.
Нивната смрт се поклопи со низа инциденти за кои полицијата се посомнева дека е одговорен некој од персоналот. Искинати се низа униформи, а некој небезбедно ги отворил пакетите за инфузија.
Кубоки како медицинска сестра се вработила во 2008 година, а во болницата Огучи дошла во 2015 година откако претходно работела во друг здравствен објект. Официјално лице од болницата, рече дека „таа се смета за одговорна“, иако е тешко да се разбере што всушнсот навистина размислувала.