Медицинска сестра од Општата болница во Охрид почина од КОВИД-19
Од Општата болница во Охрид соопштија дека нивната медицинска сестра Дијана Димоска, на три дена пред да наполни 49 години, ја загуби битката со коронавирусот.
Како што се вели во објавата на официјалната Фејсбук страна, Димоска е родена на 29 септември 1971 година, во Загреб. Својот професионален ангажман го започнала во 1993 година на одделот ОРЛ, потоа во невропсихијатрискиот оддел, а последните години била дел од тимот во одделението за интерни болести.
„Нејзината прерана cмpт е голема загуба за нејзиното семејство и за сите нас. Загубивме професионалец, медицинска сестра со ведар дух и топлина. Омилена кај пациентите и кај вработените. Почивај во мир драга сестра Дијана. Твојот ведар лик вечно ќе остане во нашите сеќавања. Со длабока почит, порачуваат вработените од ЈЗУ Општа Болница Охрид“, пишува во објавата на ЈЗУ Општа болница – Охрид.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?