Македонија
7. April 2024 - 19:45

Мечките интензивно напаѓаат пчелни семејства во Дебарца и претставуваат опасност за луѓето

Мечки ги напаѓаат пчелните семејства во охридскиот регион. За разлика од минатата година кога се почести беа нападите кај  Галичица деновиве на тапет се селата околу Дебарца. Пчеларите велат дека штетите се огромни минатата година преку 300 пчелни семејства биле оштетени а пред една недела опустошени биле 37 пчелни семејства  од ист пчелар.

Пчеларитре за да добијат обештетување треба околу пчелните семејства да имаат поставено електрични огради.Покрај тоа што ги уништува пчеларниците мечката претставува потенцијална опасност и за луѓето.

Инаку судовите низ државата многу често пресудуваат за претрпени штети од мечки, не само врз пчелни семејства, туку и врз земјоделски култури и добиток.