Македонија
19. јуни 2024 - 10:01

Мечка удрена од возило на патот Гостивар - Охрид

Мечка е усмртена откако во неа изутрина удрило возило на патниот правец Гостивар Охрид, а нема повредени лица. 

Според пријавата на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, сообраќајната несреќа се случила  во 05.37 часот кај вториот каменолом на патот Гостивар Охрид. 

- На местото на несреќата, присутни се полициски службеници од полициска станица Гостивар и увидна екипа. Исто така, известени се и Националниот парк Маврово и ТППЕ - Гостивар за отстранување на починатата мечка од магистралниот пат, информира Регионалнит центар за управување со кризи - Тетово.