Живот
2. November 2016 - 13:08

МЕ ТЕПАШЕ СО ЧЕКАН ПО ГЛАВА, ДАВЕШЕ И ШАМАРАШЕ: Исповед на жена инвалид која со години била злоставувана од сопругот

Драгана Д. (35) од Бор која е во инвалидска количка од девет години, сопругот Ненад (35) брутално ја злоставувал со години, тепал, ја удирал со чекан по глава.

Ненад поради семејно насилство е приведен. Со Драгана во Бор живеат од 2014 година. Драгана, која инаку е машински инженер, вели дека нејзиниот сопруг бил многу поинаков додека живееле и студирале во Белград.

- Додека студиравме во Белград, Ненад беше поинаков. Имавме повеќе пари, но кога се преселивме во Бор потполно се промени. Се случуваше да почне да ме гуши. Ќе ми пријдеше, ќе ме фатеше за врат и подигнеше од количката. Во еден момент, додека ме држеше над количката осетив како губам свест. Помислив на најлошото, расажува Драгана.

Таа тврди дека сопругот со години и ги сокривал модриците за никој да не посемнева што се случува. Пред другите беше љубезен и внимателен:

-На никого не смеев да се пожалам, затоа што ми се закануваше дека ќе ја земе нашата тригодишна ќерка и дека никогаш повеќе нема да ја видам, наведува таа.

Драгана и нејзиниот сопруг имаат фирма која се бави со веб - дизајн и изработка а сајтови. Насилството почнало откако се породила, а со тек на време било се почесто.

- Повеќе пати вети дека повеќе нема да ме тепа, како и дека не сеќава дека тоа го правел. Меѓутоа, тоа се повторуваше, додава Драгана.

Злоставувањето го гледала и нивната ќерка, која татко и ја терал да ја удри мајка си со чекан.

- Се случуваше да ме удри со чекан по глава, повеќе пати крварев. Потоа ќе и го дадеше чеканот на ќерката и ја советуваше и таа да ме удри. Меѓутоа кога еднаш му кажа „Тато те молам немој да јатепаш мама“ како нешто да ме допре и решив повеќе да не молчам, раскажува злоставуваната жена.

Сомневање дека сопругот ја злоставува Драгана пријавиле и нејзините родители во Центарот за социјалн работи. Драгана во вториот контакт со социјлните работници признала дека жртва на својот сопруг.

На Ненад му е одреден едномесечен притвор поради сомневање дека извршил семејно насилство.