Фудбал
7. December 2022 - 20:03

Мбапе се врати на тренинзите и ќе игра против Англија

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се врати на групните тренинзи со соиграчите од репрезентацијата на Франција, објави Le Parisien. Ден претходно го прескокна тимскиот тренинг и одработи индивидуална програма во салата. На 10 декември во четвртфиналето на Светското првенство во Катар ќе се сретнат селекциите на Англија и Франција. Натпреварот ќе се одржи на стадионот Ал Баит во градот Ал Хор и ќе започне во 20:00 часот. Досега Мбапе има постигнато 5 гола на 4 натпревари и е водечки стрелец на Светското првенство во 2022 година.