Маж со пластична пушка предизвика паника во Рим
Маж со пластична пушка в рака синоќа предизвика паника во Рим и евакуација на главната железничка станица Термини, објавија италијанските медиуми.
- Полицијата на станицата Рим-Термини доби повик за присуство на вооружен маж. Зоната на железничката станица беше евакуирана, соопштија италијанските државни железници.
Медиумите подоцна објавија снимка од безбедносна камера на која е забележан маж со црно палто, сини панталони и бел качкет, кој носи предмет што наликува на пушка, која е свртена надолу. Тој бил пријавен од една патничка во метрото на три станици пред Термини, а потоа и на самата железничка станица. Мажот бил уапсен еден час подоцна со пластична пушка в рака, симнувајќи се од воз во Анани. Брзо потоа железничкиот сообраќај повторно е воспоставен.
Термини е најголемата железничка станица во Италија, во која секојдневно минуваат илјадници патници.
Ново на Сител
-
Нивото на јаглерод диоксид во атмосферата во 2024 година се зголемувало побрзо од кога било досега, предупредуваат научниците
-
Директорите на македонската и хрватската Царинска управа договорија унапредување на соработката во борбата против криминалот
-
Три лица искасани од кучиња скитници
-
43-годишен маж пронајден починат во гостиварско
-
Избувна пожар во најголемата фабрика за батерии во светот
-
34-годишник со стаклени шишиња претепал познаник во кафана во Зајас
-
Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни од три до пет и пол години
-
Бауер: НАТО е сериозно загрижен од улогата на Кина во меѓународната безбедност