-->
-->
Маж со палестинско знаме се качи на Вестминстерската палата
-->
Маж со палестинско знаме се искачи на кулата Елизабета во Вестминстерската палата, на која се наоѓа Биг Бен, јавија денеска британските медиуми.
Полицијата соопшти дека добила повик за инцидентот во 7:24 часот утринава, и оти пожарникарско возило подоцна подигнало кран до мажот со палестинско знаме на кулата на Вестминстерската палата.
Припадници на полицијата се на кранот и комуницираат со мажот кој е оддалечен од нив неколку метри. – Полицајците се на местото на настанот и работат на безбедно завршување на овој инцидент.
Ним им помагаат членови на лондонската противпожарна бригада и службите за брза помош, се вели во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор