Македонија
2. August 2015 - 9:40

Маж се удави во Охридското езеро

Удавен маж е пронајден синоќа околу 20 часот во водите на Охридското Eзеро, во непосредна близина на комплексот „Парк “.

Според полицијата,  станува збор за Гоце И. (46) од кратовското село Живалево, кој  во 18:50 часот синоќа бил пријавен за исчезнат.

Телото на давеникот од водата го извлекле екипи на Црвен крст. Извршениот увид на медицинска екипа покажал дека се работи за ненасилна смрт.

Ова е втора жртва  во Охридското Езеро оваа сезона. Пред неколку дена се удави лице во близина на туристичката населба Пештани, кое, според увидот, доживеало срцев удар во водата.