Балкан
13. May 2021 - 15:01

Маж се обиде да се самозапали за време на молитвата во Тирана

40-годишен маж се обиде да се запали денес на плоштадот во Тирана за време на молитвата по повод почетокот на Рамазан Бајрам, соопшти албанската полиција.

Како што се наведува, маж со иницијалите Б. Г. се испрскал со бензин и влегол на плоштадот Скендербег.

Муслиманските верници кои се молеле на плоштадот го запреле, по што полицијата го одвела, пренесуваат агенциите.

Полицијата ги испитува мотивите за неговото дело, а муслиманската заедница во Албанија тврди дека тој не е муслиман верник и дека може да биде психички болен.