Македонија
14. April 2018 - 13:06

Маж се фрли од втори кат во Скопје

Скопјанката Б.Н. вчера околу 11 часот пријавила во полиција дека нејзиниот 55 годишен сопруг Ј.С. се фрлил од вториот кат.

Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен на КАРИЛ.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.