-->
-->
Маж повреден од заталкан куршум
-->
Жител на село Лешани, Охридско, вчера попладне бил погоден од заталкан куршум.
Како што соопшти МВР, инцидентот се случил во 16:50 часот, а бил пријавен во СВР-Охрид од охридската болница „Св.Еразмо“ каде бил донесен Ј.М. (38) од с.Лешани - Охрид, со прострелна рана во пределот на надлактицата од левата рака.
- Од страна на полициски службеници бил извршен разговор со Ј.М., кој што кажал дека околу 16,30 часот додека се движел пеш со негов роднина од с.Лешани кон место викано „Гркополе“ бил погоден од заталкан куршум, наведуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таткото на Вања ослободен од обвинението
-
Палчо, Видевски, Манев и Кешишов осудени на доживотна казна затвор
-
Николовски: Од Блискиот Исток до Балканот - нафтата стана оружје, а енергијата економски адут
-
Во Иран обесени три лица за наводна шпионажа за Израел
-
МНРиНТ: Мајка и три деца евакуирани од Израел со лет од Тел Авив до Атина
-
Афродита заминала на престој во Холандија, кога се вратила начекала изградена куќа во дворот во Чаир
-
Влада: Преку кампања купувај домашни земјоделски производи ќе го зголемиме производството и потрошувачката
-
Земјотрес во околината на Охрид