Маж од Индија примил 12 дози на вакцина против Ковид-19 и сака да продолжи да се вакцинира
Маж од Индија тврди дека примил 12 дози вакцина против Ковид и вели дека верува оти тие дози му помогнале против болките во грбот, како и други здравствени проблеми, пишуваат повеќе медиуми.
Пензионираниот поштар Брамдео Мандал од индиската држава Бихар рече дека девет пати примил доза на начин што се регистрирал со помош на лична карта, а дополнителни дози успеал да добие преку мобилниот телефон на сопругата, објави „USA Today“.
Тој за Њујорк Тајмс изјави дека има 85 години и првата доза ја примил во февруари минатата година.
„Верувам дека тоа ми помага за општото здравје. Болките во грбот ми се намалија, добив сила, а апетитот ми се подобри. Постојано барав центри за вакцинација и одев таму, а никој не ме препозна“, изјави Мандал.
Засега нема докази дека дополнителните дози на вакцини против коронавирус придонесуваат за општата здравствена состојба која не е поврзана со коронавирусот, а Мандал рече дека сака да продолжи да се вакцинира
Ново на Сител
-
Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата
-
Најмалку 31 загинат при напад на суданската армија врз џамија
-
По апсењето на Мета, средба на Ненси Ван Хорн и министерот Хоџа
-
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје
-
Битолчанец пронашол 10 рачни бомби при чистење на стан
-
Турски државјанин пронајден мртов во Скопје
-
MВР: Пронајдена метална кутија со 151 куршум
-
Стојановска и Биковски избрани за Републичко обвинителство, во ОЈОГОКК ќе се придружат Хаџи Василева и Азизи