Македонија
21. јуни 2023 - 11:57

Маж качен на воз загина од струен удар кај Демир Капија

Центарот за управување со кризи синоќа соопшти дека едно лице загинало на кров од вагон кај Демир Капија.

-Од Македонски железници известуваат дека од 17:15 часот поради тоа што на кровот на товарниот воз на релација Гевгелија – Табановце – Скопје на станицата во Демир Капија се качило лице (најверојатно емигрант) и по допир со инсталацијата која што е под напон дошло до негова смрт.

На лице место се излезени екипи на МВР, Пожарна и Брза Помош. По завршување на увидот железничкиот сообраќај е пуштен во 20.05 часот, порачаа од ЦУК.