Матис: САД ќе ја намалат посветеноста кон НАТО ако сојузниците не го зголемат финансискиот удел
Новиот шеф на Пентагон, Џејмс Матис изјави денеска дека американските сојузници од НАТО мора да ги зголемат своите финансиски придонеси во заедничката одбрана или во спротивно САД ќе ја намали својата посветеност на Алијансата.
- Американските даночни обврзници веќе не можат да даваат нерамномерен удел во одбрана на западните вредности, изјави Матис во порака до колегите во седиштето на НАТО во Брисел.
Американскиот секретар за одбрана обвини некои држави членки на НАТО дека ги игнорираат заканите, меѓу кои и оние што доаѓаат од Русија.
- Должен сум јасно да укажам на политичката реалност во САД и конкретно да ви пренесам праведно барање од мојот народ, нагласил Матис на состанокот зад затворени врати на министрите за одбрана на членките на НАТО во Брисел.
Тој навел дека САД ќе ги исполнат своите обврски, но сојузниците од НАТО мора да дадат поддршка за заедничката одбрана „доколку не сакаат САД даја намали својата посеветеност на Алијансата“.
Матис не прецизирал како би можеле САД да ја намалат својата „посветеност на НАТО“.
Ново на Сител
-
Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица
-
Вучевиќ: Викендов ќе се одржи првиот состанок за движењето за народот и државата
-
Кривична пријава против шест лица за несовесно работење во службата
-
Просечната нето плата во јануари 43.050 денари
-
Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци
-
Почина 18-годишниот Вукашин, шеснаесетта жртва на трагедијата во Нови Сад
-
Отворена истрага за пожарот во Кочани
-
Приведени тројца дилери