Масовни собири за отцепување на јужен Јемен
Неколку десетици илјади државјани на Јемен денеска излегоа на улиците на Аден, барајќи отцепување на јужниот дел на земјата и повторно формирање на некогашната независна држава Јужен Јемен.
Демонстрантите се собраа во пресрет на денешните мировни преговори во Кувајт меѓу меѓународно признатата Влада, која ја поддржува арпската коалицијата, предводена од Саудиска Арабија и бунтовниците од редовите на шиитските Хути и нивните сојузници.
Спогодбата за прекин на огнот, за чие постигнување посредуваа Обединетите нации, стапи во сила претходно овој месец, но наводно е прекршена повеќе пати.
Неколку илјади лица настрадаа во судирите во Јемен, додека 2,4 милиони лица се раселени.
Судирите ги поттикнаа аспирациите за независност на жители на јужните региони и за обнова на Јужен Јемен, кој постоеше се до 1990 година.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио
-
Тема на денот со Љупчо Димовски, претседател на СПМ и вицепремиер
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Почна судењето за случајот„Адитив“ – ниту еден од обвинетите не чувствува вина
-
Вработени во Општата болница Прилеп осомничени дека украле над 2,2 милиони денари
-
Дали Весна Дамева смеела да гласа за нов претседател на Врховниот суд?