Масовни протести во САД против власта на Трамп
Во САД се одржаа стотици антивладини протести против власта на претседателот Доналд Трамп.
Од Вајоминг до Вашингтон и од Мисисипи до Менхетен, протестите вчера се одржаа под мотот „50501“, назив на децентрализирана иницијатива започната на социјалната мрежа Reddit, чија цел беше организација на протести во сите 50 сојузни држави кои требаше да се одржат на 5 февруари. Според портпаролот на движењето, тоа се продемократски активисти кои се борат против прекумерна извршна власт со ненасилен отпор. Протестите на 5 април се одржаа под мотото „Рацете подалеку“.
Вчерашните протессти се совпаднаа со 250-годишнината од почетокот на Американската револуционерна војна. Наместо класични демонстрации, организаторите повикаа на „ден на акција“, за потсетување на лошата имиграциската политика, економската нестабилност и кратењето на федералната работна сила. Во рамкоте на протестот имаше работни акции за чистење населби и собирање храна и производи за хигиена за донации.
На Националната алеја во Вашингтон се собраа илјадници демонстранти со барање за враќање на Килмар Абрего Гарсија, кој е депортиран во Ел Салвадор. Протестот се спои со штрајкот на вработените од Бирото за заштита на потрошувачите, чиј персонал беше скратаен за 90 отсто. Цел на критики беше Илон Маск и неговата служба ДОГЕ.
Имаше и контрапротести, но тие не беа пречка главните протестите да поминат мирно, иако имаше апсење на демонстранти поради наводни напади врз полицијата. На други локации се одржаа протести пред Белата куќа и резиденцијата на потпретседателот Џеј Ди Венс, додека организаторите истакнаа дека заемната помош е начин за отпор и солидарност.
Масовни протетсти вчера се одржаа и во Њујорк, Лос Анџелес и уште неколку градови.
Ново на Сител
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Хаос во Советот на општина Кочани, тепачка, пцуење, повредена жена | ВИДЕО
-
Се очекува експерт за ампутации од Словенија, ќе се разгледаат опции за третман на повредените од дискотеката во Кочани